Комитетот за одржување на ЕКСПО 2020 позитивно ја оцени припремата за Светската изложба во Екатеринбург, изјави генералниот секретар на Меѓународното биро за изложби (МБИ), Винсент Лосерталес, за време на средбата со Сергеј Лавров во Москва.
Според зборовите на генералниот секретар на МБИ, групата која вршела проценка, најпрво одржала седница во Екатеринбург, а потоа во Сочи, каде делегацијата се состанала со Владимир Путин. „Нашата посета беше прекрасно организирана. Ни го покажаа вистинскиот Екатеринбург, а на сите прашања добивавме задоволувачки одговори“, изјави Лосерталес. Конечната одлика за тоа кој ќе биде домаќин на ЕКСПО 2020 ќе биде донесена во ноември на состанокот на МБИ во Париз.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче