АвтоВАЗ ја зголеми цената на моделите Гранта и Ларгус

Руската компанија за производство на автомобили „АвтоВАЗ“ ги покачи цените на 3 модели автомобили кои се произведуваат во оваа фабрика.

Руската компанија за производство на автомобили „АвтоВАЗ“ ги покачи цените на 3 модели автомобили кои се произведуваат во оваа фабрика. Најмногу ќе поскапи Гранта, чија цена во Русија е зголемена а 15.500 денари. Сега Грантата во Русија чини 7.000 евра.

Исто така, зголемена е и цената за Лада Ларгус. Моделите со стандардна опрема поскапеа за 13.500 денари, додека „лукс“ варијантата за уште 6.000 денари. Освен Ларгус, цената на познатата Лада Нива, исто така е зголемена за 4.500 односно 5.000 денари, во зависност од комплетот опрема.

Фабриката прогнозира раст на продажбата на автомобилите Лада во Русија до 550.000 автомобили. Ова го соопшти на РБК вице-претседателот на компанијата за продажба и маркетинг, Артјом Федосов. Според ова, растот во 2013, за разлика од 2012 ќе изнесува 2,3%.

Во 2012 година „АвтоВАЗ“ испратил во странство 70.580 автомобили Лада. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња