Русија е прва во светот по бројот на неработни денови во годината

Русија го зазеде првото место во светот според бројот на неработни денови во 2013 година.

Русија го зазеде првото место во светот според бројот на неработни денови во 2013 година, изјавуваат експертите од порталот Hotels.com. Тие го споредија вкупниот број денови од редовниот годишен одмор и неработните денови по повод државните празници во 40-те најголеми земји во светот.

Според податоците од истражувањето, граѓаните на Русија, освен викендите, годишно имаат право на 40 неработни денови, кои се состојат од 28 дена годишен одмор и 12 неработни денови поради државни празници. Второто место на овој список го делат Италија и Шведска (36 дена). На последното место се наоѓа Мексико, бидејќи таму освен викендот, луѓето годишно одмараат само 13 дена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.