Руската ракета-носач „Протон-М“, која беше лансирана во вторникот од Бајконур, изведе на орбита мексикански сателит за комуникации (SatMex-8), изјави за РИА Новости претставник од Роскосмос.
Првоначалното лансирање беше планирано за 27 декември 2013 година, но истото беше откажано поради проблеми при лансирањето на рускиот сателит „Јамал-402“, кој се оддели од последниот блок на ракетата 4 минути порадо од планираното. Покасно со помош на четири млазови од сопствените мотори „Јамал“ беше доведен на правилното место кое е предвидено за него.
Сателитот SatMex-8, кој е создаден од американската компанија Space Systems/Loral, е назначен за услуги во сферата на комуникацијата на територијата на Америка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче