Путин: Русија и ЈАР водат преговори за испорака на авиони МС-21

Русија и ЈАР вода преговори за продажба на патничкиот авион МС-21, соопшти претседателот Владимир Путин.

„Планирано е заедничко производство на лесен хеликоптер од типот „Ансар“. Во Јоханесбург започна со работа регионалниот центар за техничко опслужување на руските хеликоптери (Ми-17). Се водат преговори со ЈАР за испорака на патничкиот авион МС-21“, изјави Путин на брифингот со новинарите околу резултатите после преговорите со претседателот на ЈАР, Џејкоб Зума, пренесува РИА Новости.

МС - е проект за патнички авион со голем досег кој треба да се појави во 2017 и да го замени Ту-154 и Ту-204 на рускиот пазар на патнички авиони, како и да се појави на меѓународниот пазар. Авионите МС-21 се наменети за превоз на патници, багаж и стока на внатрешните и меѓународните авиолинии.

Програмата за создавање на семејството МС-21 - е проект на Обединетата авиокопорација, чиј главен исполнувач е корпорацијата „Иркут“. Програмата е вклучена во федералниот план „Развој на граѓанската авиотехника на Русија во периодот од 2002-2015 година“. Семејството вклучува два авиона: МС-21-200 (150 места) и МС-21-300 (181 место).

Русија и ЈАР сакаат да ја зголемат трговијата меѓу двете земји, која во 2012 година изнесуваше речиси милијарда долари, соопшти претседателот Путин на новинарите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња