Во минатиот петок претседателот на Русија, Владимир Путин и новиот лидер на Кина, Кси Џинпин, ја отворија во Москва годината на кинескиот туризам во Русија.
Годината на кинескиот туризам во Русија следува веднаш после годината на рускиот туризам во Кина. Веќе се одржаа години на рускиот и кинескиот јазик, како и години на Русија и Кина во двете држави, а за една година ќе започне годината на размената меѓу студентите и младите.
Путин забележа дека после спроведувањето на Годината на рускиот туризам во Кина, бројот на кинески туристи кои дошле во Русија пораснал за речиси 50%. Претседателот, сепак, не спомна дека бројот на руски туристи во Кина се намалил.
„Гостите од Кина станаа втори по број од граѓаните кои доаѓаат од другите држави во Русија. На прво место се наоѓа Германија, но ако се спореди бројот на населението на Германија и Кина, јасно е дека во туристичката размена со Кина имаме уште многу перспективи“, изјави Путин.
Кси Џинпин изјави дека бројот на туристи меѓу двете држави веќе достигна 3 милиони, и ги покани Русите да ја посетат Кина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче