Вчера на новинарите им беше соопштено како се одвива реконструкцијата на Московскиот државен конзерваториум „П.И. Чајковски“, каде се наоѓа познатата Бела сала со оргули.
„Бидејќи зградата на конзерваториумот е објект од културното наследство, се врши не само реконструкција, туку и повторно создавање на историскиот лик, изјави раководителот на одделот за градежна политика на Москва, Сергеј Левкин. Пред почетокот беше направено историско-архитектурно истражување, беше направена анализа за претстојните работи“. Притоа, според зборовите на Левкин, под зградата на конзерваториумот ќе се појави современ инженерски центар. Сите работи се финансираат од федералниот буџет“.
Реконструкцијата на зградата на конзерваториумот се одвива во пет етапи. Според зборовите на Левкин, тоа ќе дозволи да не се прекине наставата и концертната активност.
„Ако сѐ оди според планираното, реконструкцијата на целиот комплекс ќе се заврши во 2016 година - две години порано од претходно установениот рок, изјави проекторот Сергеј Розанов. Баш навреме за 150-годишнината од создавањето на Московскиот конзерваториум“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче