„Хеликоптери-Русија“ се приземјија во Африка

Холдингот „Хеликоптери-Русија“ ќе создаде нов бизнис на Африканскиот континент.

Холдингот „Хеликоптери-Русија“ ќе создаде нов бизнис на Африканскиот континент, каде веќе се користат 600 хеликоптери од руско производство. Компанијата во партнерство со јужноафриканската „Деле Авијација“ во Јоханесбург го отвори првиот сервисен центар за ремонт и опслужување на хеликоптерите Ми-8/17 и Ка-32.

Инвестициите за создавање на заеднички сервисен центар се доста скромни, кажа за РБК шефот на Денел Авијација, Михаел Коби. Конкретна сума тој не спомна. Притоа, јужноафриканската компанија непосредно ќе врши сервисно опслужување на хеликоптерите, а „Хеликоптери-Русија“ ќе испорачува соодветна опрема, документација и обука на персоналот.

Во моментов на Африканскиот континент се користат 600 хеликоптери Ми-8/17 и Ка-32. Таквиот хеликоптерски парк бара организирање на систем за сервис и поддршка во регионот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња