До 2030 година побарувачката за руско жито ќе порасне за 2-3 пати

Побарувачката за руско жито на светскиот пазар до 2030 година ќе порасне на 46 милиони тони, пишува „Интерфакс“.

Побарувачката за руско жито на светскиот пазар до 2030 година ќе порасне на 46 милиони тони, пишува „Интерфакс“. Максималниот обем на извоз на житарици од Русија е постигнат во 2011-2012 година, кога се извезени 27 милиони тони.

Прогнозата за извоз на 46 милиони тони жито се основа на долгорочната прогноза за социјално-економскиот развој на Русија во периодот до 2030 година, утврдена од премиерот на Русија, Дмитриј Медведев. Производството на жито до 2030 година може да порасне до 127-141 милиони тони (бербата во 2012 година изнесуваше 71 милиони тони).

Моменталните берби дозволуваат да се извезуваат 30 милиони тони житарици годишно.

Овие цифри е амбициозни за Русија, но возможно е да бидат реализирани, изјавува директорот на ИКАР, Дмитриј Рилко. Но за да се оствари тоа, треба енергично да се бори државата за реализација на тој план. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња