Американските законодавци бараат Пентагон да се откаже од купувањето руски хеликоптери

Американските конгресмени повторно побараа од Пентагон да се откаже од договорот со руската компанија „Рособоронекспорт“ за купување на хеликоптери за Авганистан.

Американските конгресмени повторно побараа од Пентагон да се откаже од договорот со руската компанија „Рособоронекспорт“ за купување на хеликоптери за Авганистан.

Ваквото писмо е трето писмо во оваа календарска година кое е испратено во адреса на Пентагон, пренесува РИА Новости.

Иницијатор на новото писмо е конгресменот-демократ од Конектикат, Роса Долауро, а истиот документ е потпишан од уште девет нејзини колеги кои доаѓаат од двете партии. Главните стравови, според конгресмените, се состојат во тоа што со овој договор Русија ќе добие можност да им испорача оружје на сириските власти.

„Русија продолжува преку Рособоронекспорт да испорачува оружје на режимот на Башар Асад. Русија му служи на Асад како главен снабдувач, правејќи ги возможни масовните убиства на Сиријците“, кажуваат авторите на писмото.

Кон крајот на минатата година Сенатот на САД веќе му забрани на Пентагон да соработува со Рособоронекспорт.

Американските власти, од друга страна, повеќепати подвлекуваат дека нема да го раскинат договорот за испорака на хеликоптери со Москва. Работата е во тоа што авганистанските војници веќе се навикнати да ги користат советските хеликоптери, и затоа процесот за обука во руските хеликоптери ќе се одвива побрзо. Притоа, Вашингтон позитивно ги оцени руските хеликоптери и нивната приспособеност за работа во условите во Авганистан.

Москва склучи договор со САД за испорака на 21 хеликоптер (подоцна се додадени уште 10), вклучувајќи и резервни делови за сума од 900 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња