Во ЈАР ќе се појави систем за зголемување на точноста на ГЛОНАСС на Јужната полутопка

Во ЈАР ќе се појави квантно-оптички систем за зголемување на точноста на сигналот од ГЛОНАСС во Јужната полутопка.

Во ЈАР ќе се појави квантно-оптички систем за зголемување на точноста на сигналот од ГЛОНАСС во Јужната полутопка. Ова го соопшти претседателот Владимир Путин после преговорите на БРИКС во Дурбан.

Коментирајќи го новиот договор за соработка во космичката сфера, Путин, исто така соопшти дека космичкиот центар во ЈАР ќе се користи за добивање на податоци од рускиот сателит од проектот „Радиоастрон“.

Освен ова, шефот на Руската Федерација изјави дека страните се договориле за продлабочување на контактите во научно-тенхолошката сфера. „Нашите научници се подготвени да се приклучат во создавањето на најразлични современи видови опрема во ЈАР – како, на пример, циклотрони за радиохемиски истражувања и протонска терапија и други уреди“, додаде Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.