Претседателот на Русија, Владимир Путин даде наредба за почеток на големи воени вежби во реонот на Црното море, соопшти портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков.
„Денеска во 4 часот утрото, врховниот командант на армијата даде наредба на министерот за одбрана за започнување на големи воени вежби во реонот на Црното море. Станува збор за голема и изненадувачка проверка“, изјави Песков.
Одговарајќи на прашањето, дали ќе може Путин да ги набљудува вежбите, Песков изјавил: „Може, тој е главниот командант“.
Притоа, тој не спомна кога тоа ќе се случи. „Јас не можам тоа точно да го кажам. Како што ќе добиваме информации, така ќе продолжиме да ве информираме“, изјави портпаролот на претседателот.
Основната цел на овие вежби е проверка на воената подготвеност и соработката меѓу разните единици, додаде Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче