Американската академија за кинематографска уметност и наука ја префрли на друга дата церемонијата на врачување на „Оскарите“ од традиционалната последна недела на февруари во првата недела на март. Промената на терминот е направена поради одржувањето на зимските Олимписки игри во Сочи, се кажува на прес-конференцијата на Академијата. Организаторите не сакаат „Оскарите“ да се одржат во ист термин како и затворањето на Игрите во Сочи.
Како резултат на тоа, 86-та церемонија на доделување ќе се одржи на 2 март 2014 година во салата Dolby Theatre во Холивуд.
Ова не е прв случај на преместување на терминот за доделување на „Оскарите“. Во 2010 година направено е истото поради Олимписките игри во Ванкувер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче