Валутните резерви на Руската Федерација се спуштија до нов минимум. Нивото на меѓународните резерви на неделно ниво се намалија за 0,4% и на 15 март 2013 година изнесувале 520 милијарди долари, изјави одделот за надворешни врски при Банката на Русија. Тоа е најнискиот показател од 7 септември 2012 година.
Валутните резерви на Руската Федерација го достигнале максимумот на 4 јануари - 537,4 милијарди долари. Тоа беше највисокиот показател од првата декада во септември 2011 година.
Во периодот од 4 јануари до 15 март 2013 година валутните резерви на Русија се намалиле за 17,4 милијарди долари (-3,2%).
Историскиот максимум бил постигнат на 8 август 2008 година, кога во трезорот на Русија имало 598,1 милијарди долари, додека историскиот минимум е регистриран на 2 април 1999 година, кога имало само 10,7 милијарди долари.
Валутните резерви на Русија се наоѓаат на располагање на Банката на Русија и владата на Руската Федерација, а истите можат да бидат искористени за финансирање на дефицитот во трговијата, интервенција на валутните пазари и за други цели во интерес на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче