Русија на продажба на eBay

Жител од Башкирија ја стави Русија на интернет-аукција на eBay за 1 цент.

Жител од Башкирија ја стави Русија на интернет-аукција на eBay за 1 цент. Желба да ја купат државата покажале 26 луѓе, а цената за Русија порасна до 97.100 долари. Се разбира, самата аукција веќе е повлечена од страна на администрацијата на интернет-страницата.

Според описот на продавачот, „државата е користена само 1000 година и се наоѓа во добра состојба“, пишува Форбс. Во описот, исто така се наведува нејзината површина и населението. Исто така, во описот е укажано дека испораката на државата може да биде проблем. Како местолокација е наведен градот Белебеј во Башкортостан. Продавачот не прифаќа никакви замени и или рекламации после продажбата.

Ова не е прв случај да се продаде државата на интернет-аукција. Во 2007-та година на eBay се обидоа да ја продадат Белгија, а одделно и белгискиот премиер Ив Летерм, кој си даде оставка во 2011 година. Претходно на аукција биле ставени Исланд и Грција. Во сите случаи аукцијата била прекината.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.