Русија ќе плати висока цена за спасувањето на Кипар

Властите на Кипар и за време на викендот под притисок од министрите за финансии на еврозоната се согласија да воведат антикризна давачка на влоговите во банките и да го покачат данокот на приход на корпорациите.

Властите на Кипар и за време на викендот под притисок од министрите за финансии на еврозоната се согласија да воведат антикризна давачка на влоговите во банките и да го покачат данокот на приход на корпорациите. Тоа ќе ѝ дозволи на државата да добие од ЕУ финансиска помош, но тоа сериозно ќе удри по имиџот на државата и може да предизвика масовен одлив на капиталот од Кипар.

Русите кои имаат на Кипар десетици милијарди евра ќе бидат главни губитници од воведувањето на законот, кој многумина го опишуваат како „подла кражба“.

Министрите за финансии на еврозоната постигнаа договор во саботата за давање помош на Кипар. Главен услов е зголемувањето на данокот за корпорациите, еднократен данок за сите депозити во локалните банки, како и данок од 6,75% односно 9,9% за депозитите под и над 100.000 евра.

Според пресметките на европските чиновници, за сметка на данокот на депозитите, властите на Кипар ќе успеат да соберат во буџетот до 6 милијарди евра. Министерот за финансии на Кипар призна дека ова решение е непријатно, но неопходно. Тоа ќе им дозволи на кипарските власти со сопствени сили да ги соберат средствата кои се неопходни за спасување на банкарскиот систем на државата.

Илјадници жители на Кипар, како и странци – јурнаа викендот кон банкоматите за да си ги подигнат своите штедни влогови. Сепак, нивните намери не успеале – властите во државата веќе замрзнале дел од средствата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња