Медведев: На Кипар продолжува кражбата на пленот

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Русија ќе ги разгледа импликациите од договорот за помош на Кипар кој е потпишан во Брисел.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Русија ќе ги разгледа импликациите од договорот за помош на Кипар кој е потпишан во Брисел.

Во понеделникот е објавено дека министрите за финансии на еврозоната ќе му доделат на Кипар кредит од 10 милијарди евра.

Како што пренесуваат руските медиуми, рускиот премиер за време на состанокот со заменикот-премиер изјавил дека „таму (на Кипар), според мене, продолжува кражбата на пленот. Мора да се сфати дека ова ќе се врати како бумеранг“, изјави Медведев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња