Кој ќе изгуби најмногу од кипарската криза?

Данокот на депозитите кој го воведе Кипар, пред сè, ќе удри по рускиот капитал на островот.

Данокот на депозитите кој го воведе Кипар, пред сè, ќе удри по рускиот капитал на островот. Како што соопшти во почетокот на годинава Министерството за финансии на Кипар, вкупната сума на сите руски депозити во локалните банки надминува 50 милијарди евра.

Во Русија веста за данокот ја примија најнепријатно. „Тоа е експропријација на приватната сопственост, па макај и делумна, ама сепак – тоа е експропријација. Јас сметам дека после ова Кипар ќе ја изгуби улогата на финансиски центар која ја имаше досега. Сметам дека довербата на инвеститорите во банките и кон самата држава Кипар ќе биде уништена за долги години, а не заборавајте – државата многу години живееше за сметка на давањето финансиски услуги“, смета претседателот на „КИТ Финанс“, Андреј Дегтјаев.

„Моите пријатели кои имаат средства во кипарските банки имаа само една реакција: сите го нарекоа ова тотално беззаконие и арогантност“, изјави за РБК инвестициски банкар. Некои од нив имаа на сметките по 100 милиони евра, од кои 10 милиони едноставно ќе испарат поради одлуката на властите на Кипар. Според нивните зборови, веднаш штом ќе се отворат банките, Русите ќе си ги подигнат средствата, ќе ги префрлат на други сметки во други банки (најверојатно Хонгконг или Сингапур), а кипарските сметки засекогаш ќе ги затворат.“. Освен тоа, инвестицискиот банкар наведе дека некои руски граѓани навреме ги подигнале своите средства од банките на островот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња