Фиат доаѓа во Русија преку Србија

Предлог да се укинат давачките за автомобилите кои доаѓаат од Србија во Русија.

Фиат се обидува да ја поправи својата положба на рускиот пазар на автомобили преку нецаринскиот увоз за автомобили од Србија. Претставници од Белград му предложија на Министерството за трговија на Русија да ги анулира давачките во рамките на договорот за слободна трговија.

Претходно Фиат вети дека ќе произведува во Србија 330.000 автомобили годишно, додека во исто време продажбите на компанијата во Европа паѓаат. Во Русија оваа компанија продава само 9.000 автомобили годишно.

Договорот за слободна трговија Србија го склучи со Русија во 2000 година. Според него, Русија ја укинува царината за стоките кои се произведени и се увезуваат од Србија. Но документот предвидува и исклучоци, односно „стоки кои не спаѓаат во рамките на договорот за слободна трговија“. Во тие исклучоци спаѓаат автомобилите. Сепак, списокот на исклучоци може повторно да се разгледа и да се ревидира.

Во моментов фабриката на Фиат во Србија произведува Фиат 500Л и Пунто. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња