Сахалин може да стане нов руски „офшор“

Дмитриј Медведев предложи да се разгледа прашањето за создавање на сопствена офшорна зона на Сахалин.

Дмитриј Медведев предложи да се разгледа прашањето за создавање на сопствена офшорна зона на Сахалин. Експертите овој чекор го сметаат не само за одговор на идејата на кипарските власти за оданочување на банкарските депозити, туку како уште еден повод за активизирање на програмата која предвидува развивање на Далечниот Исток. Правниците не гледаат препреки за создавање на нова нискоданочна зона, но сепак, предупредуваат дека законодавно можно е да се појават пречки.

„Ние имаме многу добри места: Сахалин, Курилите. Ако страстите веќе вријат околу Кипар, можеби и ние треба да создадеме таква зона на Далечниот Исток? Можеби, дел од нашите пари кои се на Кипар или во други зони ќе се вратат кај нас?“, праша Дмитриј Медведев за време на состанокот на владата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња