САД изразија готовност да помогнат околу безбедноста на Игрите во Сочи

Вашингтон ќе продолжи да бара сфери во кои ќе може да соработува со Москва во областа на безбедноста.

Вашингтон ќе продолжи да бара сфери во кои ќе може да соработува со Москва во областа на безбедноста, а еден од таквите проекти може да биде безбедноста на претстојната зимска Олимпијада во Сочи во 2014 година, изјави шефот на Европската команда на Вооружените сили на САД, адмирал Џејмс Ставридис.

„И покрај нашите недоразбирања околу системот за ПРО, ние ќе продолжиме да бараме дополнителни сфери за соработка, такви како, на пример, безбедноста на Олимписките игри во Сочи во 2014 година“, изјави Ставридис.

Тој забележа дека соработката се одвива не само во полза на воените операции на НАТО, туку и во интересите на САД и Русија“, пренесува РИА Новости. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња