Русија ќе го истражува Марс заедно со САД

Руските власти го продолжија договорот со САД за заедничко истражување и користење на космосот во мирни цели. Документот го потпиша премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

Руските власти го продолжија договорот со САД за заедничко истражување и користење на космосот во мирни цели. Документот го потпиша премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

Договорот беше продолжен после добивање на барање од САД за продолжување на дејството на документот до 2020 година.

Овој договор е основен правен инструмент во сферата на соработката во областа на космосот меѓу двете држави.

„Неговото продолжување одговара на интересира на Русија и ќе помогне за поефективна реализација на нејзините космички програми, но исто така и на руско-американските космички проекти, меѓу кои се и истражувањето на Месечината и Марс, размена на информации добиени од руските и американските космички апарати“, подвлечено е на прес-службата на владата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња