Последното интервју на Березовски

Пред да почине, олигархот повеќепати зборувал дека чувствува разочарување и дека животот ја изгубил за него сета смисла.

Пред да почине, олигархот повеќепати зборувал дека чувствува разочарување и дека животот ја изгубил за него сета смисла.

На интернет-страницата на Форбс е испечатено неговото последно интервју, само неколку часа пред да почине.

Одговарајќи на прашањето - дали тој е носталгичен по Русија, во која против него има подигнато неколку кривични дела, тој рекол: „Ништо толку многу не сакам, како тоа да се вратам во Русија“.

„Јас изневерив многу свои вредности. И самиот себе си. Што се однесува до тоа што е тоа Русија и што е тоа Запад... Јас целосно идеалистички си ја претставив можноста за изградба на демократска Русија. И идеалистички претставував што е тоа демократија во центарот на Европа. Недоволно ја оценив интертноста на Русија и многу го преценив Западот. И тоа се случуваше постепено. Јас го изменив својот поглед за патот по кој оди Русија... Не требаше да заминам од Русија...“, го цитира Форбс починатиот бизнисмен.

“(Јас ја изгубив) смислата на животот. Јас не сакам сега да се занимавам со политика.... Јас не знам што да правам. Имам 67 години. И јас не знам што понатаму“, изјавил Березовски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња