Московјани се загрижени поради масовната изградба на православни цркви во градот

Плановите на Руската Православна Црква да се изградат во Москва 200 нови храмови се реализира со полна пареа, и покрај незадоволството на атеистите и претставниците на другите религии.

Плановите на Руската Православна Црква да се изградат во Москва 200 нови храмови се реализира со полна пареа, и покрај незадоволството на атеистите и претставниците на другите религии.

Во рамките на програмата „200 храмови“, одобрена од Руската Православна црква пред две години, веќе се изградени 8 објекти во пет населби на Москва, а на 13 плацови веќе се одвиваат градежни работи, додека за 36 храмови се завршува проектната документација.

За неопходноста од изградба на 200 храмови во Москва изјави патријархот Кирил во 2010 година. Тој оперираше со цифри: ако по цела Русија еден храм има на 11-13 илјади жители, тогаш во Москва има 2-3 пати повеќе луѓе на еден храм.

Реализацијата на програмата „200 храмови“ многумина ја гледаат како идеолошка експанзија на РПЦ, која ги изненадува дури и православните верници. Од програмата, пред сѐ, незадоволни се жителите на населбите каде се градат или ќе се градат цркви. Во принцип тие не се против изградбата, но предлагаат да се избираат местата за изградба подобро, без да се загрозуваат парковите и плоштадите. Многу жители на Москва воопшто не сфаќаат зошто се градат нови православни градби, кога веќе постоечките храмови и така се празни, често не се полнат дури и за време на големите православни празници. Според нив, далеку пологично би било РПЦ да ги троши парите за изградба на прифатилишта за бездомници.

Претставниците на РПЦ настојуваат дека против оваа идеја има сосема малку незадоволни. Лидерот на општественото движење кое ја поддржува изградбата на православни цркви, Филип Грил, забележува дека „за време на советската власт во Москва биле уништени 1000 храмови, и денешната изградба на 200 храмови е делумно враќање на долговите на црквата“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња