Абдукцијата покажа дека Березовски починал од задушување

Резултатите од абдукцијата на телото на Бориз Березовски покажуваат дека причина за неговата смрт станало задушување.

Резултатите од абдукцијата на телото на Бориз Березовски покажуваат дека причина за неговата смрт станало задушување, но сепак, трагови од насилство нема, соопшти полицијата во Лондон.

„Резултатите од абдукцијата укажуваат на задушување како причина за смртта. Патолозите не најдоа ништо што би навело дека се работи за борба“, се кажува во соопштението.

Според ова, полицијата кажува дека причина за смртта на Березовски може да е самоубиство, иако, зборот „самоубиство“ не се среќава во соопштението од истрагата. Претходно полицијата соопшти дека не гледа „трето лице“ како причина за неговата смрт.

Телото на Березовски беше пронајдено од неговиот телохранител во саботата во тоалетот од куќата каде што живеел.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња