Во Москва во 2013 година ќе изградат 14 км метро линии

За развивање на патната инфраструктура во московското метро во 2013 година ќе бидат потрошени околу 260 милијарди рубљи (околу 6,5 милијарди евра).

За развивање на патната инфраструктура во московското метро во 2013 година ќе бидат потрошени околу 260 милијарди рубљи (околу 6,5 милијарди евра), соопшти шефот  на Одделот за градба на Москва, Андреј Бочкарев.

Во тековната година се планира отворање на дополнителни 14 километри линии и изградба на шест станици, додаде Бочкарев.

Во моментов 22% од жителите на Москва немаат пристап до метрото (оддалеченост од барем 1 км пеш до најблиската метро станица). „После завршувањето на програмата за изградба на метрото до 2020 година, очекуваме тој број да се намали до 7%“, изјави Бочкарев.

До 2020 година се планирани нови 150 километри линии на московското метро. За изградба на метро станиците и линиите веќе се ангажирани 18.000 луѓе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.