„Руската железница“ ("Российские железные дороги") се интересира за приватизацијата на грчката железница и пристаништа кои се поврзани со железничка пруга, им соопшти на новинарите претседателот на компанијата, Владимир Јакинин.
„Темата е актуелна и ние ја разгледуваме“, изјави тој во кулоарите на Московскиот економски форум. Тој напомна дека Грците сакаат да го приватизираат операторот (Trainose), но не и инфраструктурата.
Грчкиот оператор Trainose во 2011 ги намали загубите до 33 милиони евра, додека во првите два месеца на 2012 дојде до профит од 142.000 евра. Од почетокот на должничката криза во Грција, компанијата помина низ процес на преструктуирање на бизнисот, добивајќи од државата помош од 1,4 милијарди евра. Средствата беа насочени кон зголемување на ефективноста на претпријатието. Во моментов во компанијата работат 900 луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче