Русија подготвува ембарго за шпанското месо

Шпанските одгледувачи на животни можно е да се лишат од возможноста да го извезуваат своето место на рускиот пазар.

Шпанските одгледувачи на животни можно е да се лишат од возможноста да го извезуваат своето место на рускиот пазар. Експертите сметаат дека нивниот дел на рускиот пазар ќе биде заземен од домашните произведувачи, како и од произведувачите од Бразил и Канада.

Оваа недела ќе се појават резултатите од проверката на 19 шпански претпријатија, соопштува прес-секретарот на Росселнадзор, Алексеј Алексеенко. Се покажа дека Шпанците немаат точна претстава за фитосанитарните правила и норми на Царинската унија, поради што руските ветеринари се сомневаат во квалитетот на увезеното месо од Шпанија.

Русија и Шпанија не се најголеми партнери во сферата на месната продукција. Шпанија задоволува само 2% од потребите од месо во Русија, забележа аналитичарот на „Инвесткафе“, Дарја Пичугина. Експертот е уверен дека забраната за увоз на место од Шпанија нема воопшто да влијае на рускиот пазар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња