Русија и ЕУ: 10 години од започнувањето на преговорите за визите

На 21 март во Москва се одржа конференцијата „Русија-ЕУ: можности и партнерство“ со учество на премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и претседателот на Еврокомисијата Хозе Баросо, како и други претставници од државите на ЕУ.

На 21 март во Москва се одржа конференцијата „Русија-ЕУ: можности и партнерство“ со учество на премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и претседателот на Еврокомисијата Хозе Баросо, како и други претставници од државите на ЕУ.

Средбата на високо ниво се одржа после 10 години од започнувањето на самитот Русија-ЕУ во Санкт Петербург на 10 мај 2003 година, кога беа започнати преговорите за укинување на визниот режим. Десет години покасно - визниот режим сѐ уште не е укинат.

„За жал, ние не можеме да го решиме визниот проблем, а тоа е еден од основните пречки за развојот на човековиот капитал, тој ја попречува претприемачката активност и врската меѓу луѓето, стои на патот на научните и културните контакти“, изјави Дмитриј Медведев.

„Ајде да бидеме искрени: Русија како и порано, така и сега се гледа во очите на повеќето европски држави како нешто ’надворешно’, како нешто туѓо од Европа“.

Од своја страна, претседателот на Еврокомисијата, Хозе Баросо, како еден од клучните проблеми кои ги кочат преговорите го наведе „проблемот со почитувањето на правата на човекот во Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња