Путин: БРИКС треба да стане механизам за стратешко заемно дејство

БРИКС од форум со ограничени теми, треба да стане активен механизам за дејство.

БРИКС од форум со ограничени теми, треба да стане активен механизам за дејство. Притоа, не станува збор за геополитичка конкуренција со западните организации, изјави претседателот Путин пред започнувањето на самитот на групата, кој ќе се одржи кон крајот на март во Дурбан.

„Им предложуваме на партнерите постепено да го трансформираат БРИКС (Бразил, Индија, Русија, Кина и Јужноафриканската република) од форум за дијалог во механизам за стратешко заемно дејство - механизам кој ќе бара начини за решавање на најголемите прашања во светската политика“, изјави Путин.

Според неговите зборови, за самитот во Дурбан се подготвува заедничка декларација со подробно изложување на принципиелните приоди на државите БРИКС кон актуелните прашања од меѓународната сфера и прашања, како, на пример, сириската криза, авганистанската криза, иранската криза и проблемите на Блискиот Исток.

„Ние не го гледаме БРИКС како геополитички конкурент на западните држави или нивните организации - напротив, ние сме отворени за дискусија со сите кои се заинтересирани за тоа“, изјави претседателот Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња