Властите на Кипар сакаат повторно да го воведат данокот на влогови после неуспешните преговори во Москва. Притоа, еднократното одземање на средства од сметките може да изнесува дури 25%.
Парламентот на Кипар планира наскоро да го разгледа законскиот проект за еднократно одземање на средства од депозитите над 100.000 евра. Ова ќе соодветствува на барањата кои се создадени од „тројката“ - ЕУ, ММФ и ЕЦБ.
Според New York Times, проектот на законот ќе ги опфати само големите штедни влогови кои се наоѓаат во Банката на Кипар. Притоа сумата која ќе се задржува може да се движи од 22% до 25%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче