Државната Дума донесе поправи во Работниот кодекс на Русија и во федералниот закон “За електронскиот потпис“, со што се легализира поимот “работа на далечина“. Според документот, „работа на далечина“ претставува работа која ја извршува соработникот надвор од своето работно место, а се контролира од работодавачот лично или преку претставници - врската меѓу работникот и работодавачот се одвива со користење на информатичко-телекомуникациски врски, вклучувајќи го и Интернет.
Притоа, работното време и времето за одмор ги определува самиот работник.
Со прифатените поправки се предвидува работниот договор за работа на далечина, како и другите документи да се регулираат електронски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче