БДП на Русија во февруари 2013 година порасна за 0,1% во споредба со јануари 2013 година, соопшти на новинарите заменикот министер за економски развој на Русија, Андреј Клепач. Во периодот јануари-февруари, растот на БДП изнесува 0,9%.
Растот на БДП во јануари 2013, во споредба со јануари 2012 изнесува 1,6%.
Чиновникот забележа дека нискиот раст на економијата во јануари и февруари е поврзан со слабиот извоз и сезонскиот фактор. Извозот во февруари 2013 година е намален за 11,4%. Тоа е предизвикано поради намалување на цените на гасот и нафтата, како и цените на металите.
Извозот во јануари достигнал бројка од 39 милијарди долари, додека во февруари - 40 милијарди долари, додаде Клепач.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче