„Аерофлот“ се најде меѓу петте најголеми компании во Европа според бројот на патници и темпото на раст на компанијата. Според податоците на меѓународното издание на Airline Business, во минатата година авионите на „Аерофлот“ летале 20,2% повеќе, отколку во 2011 година. Ова се кажува во информација од авиопревозникот.
Авиокомпанијата „Аерофлот“ е основана во 1923 година. Главната канцеларија на компанијата се наоѓа во Москва и на меѓународниот аеродром Шереметјево. Севкупната маршрутна мрежа на превозникот брои 1000 аеродроми во 187 земји во светот. Компанијата контролира 42% од рускиот пазар на регуларни меѓународни авиопревози.
Главен сопственик на „Аерофлот“ е државата преку Федералната агенција за управување со државен имот - 51,17%, додека 15% од акциите припаѓаат на Александар Лебедев.
Со компанијата во 2012 година летале 17,7 милони луѓе, а доколку се земат предвид и ќерките-компании на „Аерофлот“ - 27,5 милиони луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче