Трговијата меѓу Русија и Кина ќе достигне 100 милијарди долари

Расте трговската размена меѓу Кина и Русија.

Русија и Кина можат да го доведат обемот на трговија до 100 милијарди долари веќе во 2015 година, соопшти претседателот на Русија, Владимир Путин веднаш после разговорите со кинескиот претседател, Кси Џинпин.

Според неговите зборови, трговијата во минатата година меѓу двете земји пораснала за 5,1% - до 90 милијарди долари. Со ова темпо, според неговата проценка, задачата која е поставена за постигнување на 100 милијарди долари ќе се реализира до 2015 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња