„Роснефт“ ја за заврши зделката за купување на 100% од акциите на ТНК-BP од британската ВР и рускиот конзорциум ААR.
Дека „Роснефт“ може да стане единствен сопственик на ТНК-BP, и како резултат на тоа - најголема компанија во светот според резервите на нафта - стана познато уште во октомри 2012 година. Државната руска компанија купи 50% од ТНК-BP за 16,65 милијарди долари. ВР одделно купи 5,66% од акциите на „Роснефт“ во зделка со „Роснефтгас“. Според одделните договори, „Роснефт“ ја заврши зделката за купување на дел од конзорциумот Alfa-Access-Renova во ТНК-BP за 27,73 милијарди долари.
Претседателот на „Роснефт“, Игор Сечин и шефот на ВР, Роберт Дадли го информираа Владимир Путин за завршувањето на зделката. Шефот на државата го нарече ова купување „добар сигнал за рускиот и меѓународниот пазар“, забележувајќи дека тоа ќе „обезбеди дополнителна транспарентност на дејноста на руската компанија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче