Причината за поместување на рокот за испорака на нуклеарната подморница „Александар Невски“ во составот на воената морнарица на Русија е продолжувањето на рокот на тестирање на новата технологија која е инсталирана во подморницата.
Во подморницата се инсталирани нови системи кои ја зголемуваат веројатноста за успешно извршување на главната задача, а тоа е тајно активирање на интерконтиненталните балистички проектили „Булава“ кон одредени цели.
Претходно е соопштено дека е планирано нуклеарната подморница да влезе во составот на воената морнарица уште во 2012 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче