ЕУ сака да ја реши кипарската криза без Русија

Кипарската криза не им дава сон на елитите во ЕУ и Русија.

Еврогрупата се противи на директно учество на Русија во програмата за финансиска стабилизација на Кипар, соопшти министерот за финансии на Малта, Едвард Шиклун.

Според неговите зборови, изгледа дека Еврогрупата не сака да ги изнесува проблемите од својата куќа и сака да ги реши нив во „домашна затворена атмосфера“.

Еврогрупата ќе ги собере министрите за финансии од еврозоната на едно место со цел да се најде начин да се надмине моменталната банкарска криза во еврозоната. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња