Затворот со високо ниво на обезбедување бр.14 во Новочеркеск во Ростовската област доби лиценца за производство на автомобили-амфибии, кои заеднички ги создале затворениците и вработените во управата за извршување на затворски санкции.
Првиот прототип од овој автомобил „Кардон“ е произведен минатото лето. Според примерот на рускиот џип УАЗ-3151, ентузијастите произведоа евтин џип кој е погоден за маневрирање, кој се движи по сите видови терен, дури и по вода. Прототипот развива брзина до 110 километри на час на копно, и до 5 километри на час во вода. Во спомнатиот затвор наскоро ќе се произведат 15 вакви автомобили.
Според мислењето на конструкторите, овој автомобил може да послужи за превоз на патници и товар на сите видови терен, дури и таму каде нема пат. Покрај останатото, може да се користи и за земјоделство или лов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче