„Јасно е дека од растот на температурата најмногу ќе настрадаат островските држави - тие едноставно ќе бидат поплавени. И еве, сега на преговорите во ООН гледаме како тие врескаат за оваа ситуација, сфаќајќи дека за нив нема добра иднина, додека другите незаинтересирано набљудуваат...“, изјави Кокорин.
Според неговите зборови, Русија нема да почувствува дефицит од вода за пиење, ниту пак поголеми штети од зголемувањето на нивото на Светскиот океан.
Единствената опасност следи од преместувањето на екваторските бури на север, односно поблизу кон територијата на Русија.
„Што повеќе на север сме ние, толку побрзо ќе се почувствуваат промените во температурата на воздушните маси. Безусловно, другите држави на други географски ширини веќе го чувствуваат тоа - на пример, Канада и САД“, изјави Кокорин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче