Внешеконом банк, Кинеската инвестициска корпорација, Рускиот фонд за директни инвестиции и Руско-кинескиот инвестициски фонд потпишаа меморандум за заемно разбирање, создавање на принципи за развој на соработката во областа на инвестициите, инфраструктурни проекти, како и на проекти на Далечниот Исток на Русија.
Гаспром и кинеската China National Petroleum Corporation (CNPC) потпишаа меморандум за испорака на гас во Кина.
Роснефт и CNPC потпишаа договор за испорака на нафта, под услов плаќањата да се извршуваат однапред, а исто така и документ за соработка во областа на производството, истражувањето и испораката на други енергенси.
Роснефт и Државната развојна банка на Кина потпишаа договор со кој ќе се регулираат идните кредити кои ќе ги добива Роснефт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче