Производството на руските лекарства против рак започна во Химки

Производството на руските нови лекарства против рак официјално започна во вторникот во Химки.

Производството на руските нови лекарства против рак официјално започна во вторникот во Химки во компанијата „БиоИнтегратор“ - биофармацевтска компанија која влегува во состав на Центарот за високи технологии „ХимРар“.

Еден од првите лекови кои се појавија од оваа компанија е ритуксимаб - препарат за лечење на некои видови рак и автоимуни болести. Според прогнозите, големината на рускиот пазар за ова лекарство изнесува 6,64 милијарди рубљи.

„Производството (на риуксимаб) за продажба ќе започне за две години“, изјави на новинарите генералниот директор на „БиоИнтегратор“, Александар Демин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.