Почина рускиот олигарх Борис Березовски. Кој беше тој?

Зетот на претприемачот Борис Березовски, Егор Шупе, напиша на својата страница на Фејсбук за смртта на рускиот олигарх.

Зетот на претприемачот Борис Березовски, Егор Шупе, напиша на својата страница на Фејсбук за смртта на рускиот олигарх.

Борис Березовски почина во 11 часот денеска по лондонско време. Според неофицијалните информации кои се најдоа на блоговите на блиските луѓе на Борис Березовски, причина за смртта е самоубиство. Неговиот зет соопшти дека тој често бил депресивен и ретко комуницирал со луѓето.

Борис Березовски имаше 67 години. Роден е во 1946 година. Во 1967 година тој го заврши факултетот за електроника и сметачка техника во Московскиот шумарско-технички институт, а во 1973 година - механико-математичкиот факултет при Московскиот државен универзитет. После тоа тој го завршил последипломското образование во Институтот за управување при Академијата на науки на СССР.

Од 1968 до 1987 година тој работел како инженер во научно-истражувачкиот институт за прототипови на машини и техника за мерење маса при Министерството за апарати на СССР. Бил член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.

Автор е на повеќе од 100 научни статии и монографии во областа на применетата математика  и теорија на управување. Објавувал трудови во САД, Англија, Јапонија, Германија и Франција.

Од 1996 до 1997 година тој бил секретар на Советот за безбедност на Русија, а од 1998 до 1999 година - извршен секретар на Заедницата на независни држави. Од 1999 до 2000 година бил пратеник во Думата.

Од почетокот на 2000-те живеел во Велика Британија и бил активен критичар на Владимир Путин и неговата политика. Во Русија тој е обвинет за измами, перење пари и обид насилно да дојде на власт.

Во 2008-та година списанието Форбс пресметал дека Борис Березовски има богатство од 1,3 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.