Римскиот папа Франциско се состана со претседателот на Одделението за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, митрополитот Иларион. Средбата е одржана во Државниот секретаријат на Ватикан.
Митрополитот на папата Франциско му пренесе поздрави од патријархот московски и на цела Русија, Кирил, кажувајќи дека поглаварот на Руската црква внимателно го следел изборот и устоличувањето на римскиот понтиф. Освен тоа, митрополитот на папата му предал икона како подарок на папата.
„Првите чекори на Вашата Светост после изборот се одбележани со смирение“, истакна митрополитот Иларион, врачувајќи му ја иконата на папата. „Јас немам смирение и ве молам да се молите Господ да ми го даде“, одговори папата.
Митрополитот Иларион го информираше папата за проблемите кои и понатаму се присутни во односите меѓу двете цркви, изразувајќи надеж дека новиот папа ќе пронајде пат за нивно решавање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче