Кипар и Русија без договор за финансиска помош

„Русија преговараше со Кипар. Москва не е заинтересирана за предлозите на кипарската страна“, изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов.

„Русија преговараше со Кипар. Москва не е заинтересирана за предлозите на кипарската страна“, изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов.

Во Москва неколку дена по ред се одржуваа состаноци со делегација од Кипар, држава која се соочува со финансиска и буџетска криза. На овие состаноци со кипарската делегација, кои ги предводи министерот за финансии Михалис Сарис, се разговараше за давање помош на Никозија. „Нивните предлози беа следниве: да се основа државна компанија на која ќе бидат пренесени наошалиштата на гас, а потоа на руските инвеститори да им се понуди влез во компанијата и купување на обврзниците кои дополнително би биле трансформирани во акции. Нашите инвеститори ја разгледаа оваа понуда и не прикажаа интерес“, изјави Силуанов.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев притоа нагласи дека Русија „не ја затворила вратата“ за понатамошни преговори за поддршка на Кипар, но нагласи дека ќе пружи помош на Кипар откако оваа земја ќе направи договор со ЕУ за решавањето на економските проблеми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња