„Роснефт“ може да стане најголем произведувач на нафта во светот

Ова ќе се случи доколку се објави за завршување на зделката за продажба на ТНК-ВР за 56 милијарди долари.

Во јуни 2003 година во Лондон свечено беше објавена веста за создавањето на THK-BP, заеднички конзорциум меѓу BP (British Petroleum) и ААР (Алфа груп). Во присуство на претседателот на Русија, Владимир Путин и премиерот на Велика Британија, Тони Блер, договорот го потпиша еден од сопствениците на „Алфа-груп“, Михаил Фридман и генералниот директор на BP, лордот Џон Браун. Заедничката компанија започна со работа после два месеца.

Првиот јубилеј оваа компанија ќе го дочека со нов сопственик. Вчера „Роснефт“ откупи 50% од акциите на  THK-BP од ВР и ААР.

„Роснефт“ веќе доби дозвола од сите регулаторни органи, вклучувајќи ги и антимонополските органи на Русија и Украина, а исто така и Еврокомисијата.

Заедничката компанија ќе произведува околу 4 милиони барели нафта дневно (200 милиони тони годишно) – што ќе биде најголемиот показател во светот. Резервите на нафта на оваа компанија изнесуваат 28 милијарди барели. Според оценките на Bank of America Merril Lynch, профитот на заедничката компанија за 2013 година ќе изнесува 160 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња