Јубилејот на Рахманинов ќе го одбележат со голем фестивал во Домот на музиката

140 години од раѓањето на Сергеј Рахманинов.

Фестивалот на музиката од Сергеј Рахманинов, кој ќе се одржи по повод 140-годишнината од неговото раѓање, ќе започне во Московскиот меѓународен Дом на музиката во среда, изјави за РИА Новости заменикот на генералниот директор на Домот на музиката, Олга Лјакина.

„На фестивалот ќе бидат претставени симфониите, концертите за фортепијано со оркестар, како и литургиска хорска музика и романси. Големата жанровска разновидност го изделува овој фестивал од сите манифестации посветени на раѓањето на овој голем руски композитор“, подвлече Лјакина.

Учесници на фестивалот ќе бидат три руски симфониски колективи.

Сергеј Рахманинов е роден на 1 април 1873 година. Композитор, прекрасен пијанист, диригент... Уште додека бил жив се ползувал со голема слава. Неговите концерти за фортепијано, симфонии, романси се изведуваат насекаде низ светот. Оваа година целиот музички свет ќе го одбележи неговиот роденден, како и 70-годишнината од неговата смрт. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња