Хемиското оружје ќе помогне да се „променат правилата на игра“ во Сирија

Москва повика да се одржи меѓународна истрага откако од Сирија дојдоа податоци за употреба на хемиско оружје и за смрт на невини жители.

Москва повика да се одржи меѓународна истрага откако од Сирија дојдоа податоци за употреба на хемиско оружје и за смрт на невини жители. Руските политичари и експерти сметаат дека инцидентот е провокација од страна на опозицијата и обид да се најде оправдување за воена интервенција од страна на западните држави.

„Очекуваме генералниот секретар на ООН оперативно да реагира на обраќањето на Сирија за започнување на истрага за примената на хемиско оружје на 19 март. Важно е да биде формирана беспристрасна, неутрална и професионална екипа на експерти која ќе даде најобјективни заклучоци“, напиша на својот Твитер заменикот-министер на МНР на Русија, Генадиј Гатилов. Според неговите зборови, Москва очекува непристрасна и објектива истрага за овој инцидент.

Да потсетиме дека на 19 март сириските власти пренесоа дека вооружената опозиција користела хемиско оружје во провинцијата Алепо. Според официјалните податоци, жртви на нападот се 25 луѓе, а уште 110 се повредени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња