Борис Акунин реши да ја напише многутомната „Историја на руската држава“. За новиот проект писателот открива во својот блог, признавајќи дека отсекогаш сакал да биде новиот Карамзин.
Истовремено Акунин изјави дека тој ќе престане да пишува детективски книги. Претходно писателот спомна дека планира да објави зборник од своите новели.
Од пораката на Акунин на неговиот блог се дознава дека првиот том на „Историјата“ е веќе напишан, и во него се опфаќа периодот до монголската окупација. Колку време ќе потроши за целиот проект писателот не спомна, но сепак, и самиот кажува дека тоа е повеќегодишна работа. „Историјата“ на Акунин, според неговата замисла – треба да биде напишана во привлечен стил. Таа ќе биде наменета за луѓето кои се интересираат за историјата на државата, а не за историчарите. Исто така, писателот спомна дека книгата нема да има фактолошки произволности, туку дека истата ќе биде проверена од специјалисти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче