Македонска делегација во Русија ги утврдува начелата за развој на туризмот

Македонска делегација во Русија за развој на туристичката сфера.

На 20 март во Ростуризам заменикот-раководител на Федералната агенција за туризам, Дмитриј Амунц се сретна со делегација од Република Македонија. Во составот на делегацијата, која беше на чело со Амбасадорот на Република Македонија во Русија, Илија Исајловски, влегоа претставници од Агенцијата за развој и поддршка на туризмот во Македонија.

Во текот на средбата беше постигнат договор за создавање на заеднички документ за соработка во областа на туризмот меѓу Русија и Македонија.

Еден од перспективните правци на руско-македонската соработка ќе стане инвестициската дејност во областа на туризмот. Македонската страна информираше дека во земјата се донесени закони кои овозможуваат благопријатни услови за странските инвеститори во туристичката инфраструктура.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња